spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваРаботен состанок со претставник на УСАИД и претставници на TetraTech

Работен состанок со претставник на УСАИД и претставници на TetraTech

Во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација се одржа работен состанок со претставникот на УСАИД во Република Северна Македонија, д-р. Ерик Јанковски и претставници на TetraTech.

Целта на оваа средба беше размена на досегашни искуства од соработката во областа на дигитализацијата и безбедноста на мрежите.

Министерот Шаќири ги информираше учесниците за досегашните преземани активности и покажа дека напредувањето на процесот на создавање на Дигиталната агенција. Законот за формирање на дигитална агенција се очекува да се постави во Единствениот национален електронски регистар на прописи во наредниот период.

ТетраТех ги претстави 5-те главни столба кои произлегуваат од Меморандумот за соработка и Програмата “Cyber Risk Preparedness Program – North Macedonia”, за што работиме заедно.

За време на својот говор, министерот Шаќири ја истакна важноста за формирање дигитална агенција, сметајќи ја како неопходност за напредокот на целиот процес на дигитализација на државната администрација.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...