spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Богата програма на велешко културно лето 2021

Велес: Богата програма на велешко културно лето 2021

Иако сè уште е актуелна состојбата со Ковид-19, Општина Велес и оваа година прави максимални напори ова лето да обезбеди широк спектар на културни настани за своите граѓанки и граѓани.

Во рамките на Програмата за култура и меѓународна соработка за 2021 година предвидени се 500.000,00 денари сопствени средства на Општина Велес за реализација на културни настани.

Оваа година во рамки на „Велешко лето 2021“ ќе се организираат концерти од забавен и фолклорен карактер, но и на џез и класична музика, промоции на книги, ликовни изложби, филмски проекции и други мултимедијални проекти, кои ќе се одржат на повеќе локации во градот, за што јавноста навремено ќе биде информирана преку официјалната интернет и Facebook страница на Општина Велес.

Според динамиката на активности во месеците јули и август ќе бидат организирани повеќе настани со уметници од градот и државата.

Сите настани и активности ќе бидат организирани согласно објавените протоколи за организирање на настани.

За сите настани и активности кои се дел од Програмата на „Велешко лето 2021”, организаторот, Општина Велес, го задржува правото за промена и надополнување на Програмата на настани и содржини.

Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција ги повика граѓанките и граѓаните од сите генерации, да ги следат објавите за настаните и да уживаат во содржините од годинешното „Велешко лето 2021”.

Кон крајот на месецот, Градоначалникот Коцевски и директорот на театарот ќе одржат прес конференција на која ќе го најават Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.

Извор: Општина Велес

Прочитајте

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е – Даноци...

0
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на...