spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Нова Политика на интегритет за единиците на локалната самоуправа

ДКСК: Нова Политика на интегритет за единиците на локалната самоуправа

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, г-ѓа Билјана Ивановска, заедно со Амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 29 јуни официјално ја отворија програмата за обука за новата Политика на интегритет за единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија.

 

Имено, политиката за интегритет на единиците на локалната самоуправа се состои од осум компоненти. Целта на оваа политика е да промовира интегритет на политичко и на административно ниво, како основа за поттикнување на етичко однесување, отпорност кон корупција, спречување на судир на интереси, создавање на услови за општествен развој, учество на граѓаните во одлучувањето за локалните потреби и интереси и поголема доверба на граѓаните во единиците на локалната самоуправа.

 

Како резултат на соработката помеѓу мисијата на ОБСЕ во Скопје со Државната комисија за спречување на корупцијата, а заради целосна разработка и успешна имплементација на политиката за интегритет на единиците на локалната самоуправа, отпочна програмата за обука за Политиката на интегритет за единиците на локалната самоуправа.

 

Од 5 до 9 јули, вкупно 36 службеници – номинирани претставници за интегритет на општините од локалната самоуправа ќе учествуваат во програмата и ќе се стекнат со потребни знаења и вештини за тоа како да се зајакне отпорноста кон корупција преку зајакнување на индивидуалниот и институционалниот интегритет во општините.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте