spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикати30 години постоење

30 години постоење

Во далечната 1991 година, пред 30 години е формиран Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р.Македонија (УПОЗ) кој е правен следбеник на Републичкио одбор на управата, правосудството и финансиските организации. Денес, во Синдикатот на УПОЗ членуваат повеќе од 110 синдикални организации, и од основањето до денес, Синдикатот на УПОЗ е предводник во синдикалното движење низ годините наназад.

Денес 08.07.2021 година, во Скопје, се одбележаа 30 години од формирањето на Синдикатот на УПОЗ кој е доброволна, самостојна, демократска, независна и непартиска организација на вработените во државната управа, локалната самоуправа, превосудните органи, здруженијата на граѓани, други служби и правни лица во државната и јавната управа, како и сите правни лица основани од Владата на РМ.

На овој значаен јубилеј, беа поканети и присуствуваа преставници на синдикалните организации од Синдикатот на УПОЗ, Министерот за правда Бојан Маричиќ и Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, братските синдикати од регионот (Синдикатот Бем Бир Сен од Турција, Синдикатот Хизмет ИШ од Турција, Синдикатот на управата на Република Српска, Синдикатот на управата на Србија, Синдикатот на правосудството на Србија, Синдикатот на Самостојниот синдикат на државните службеници и другите вработени во државната управа, судската власт и јавните установи во Федерација БиХ, Самостојниот синдикат на вработентие во универзитетските клиники, центри клинички болници и други јавни здравствени установи на Република Македонија и Синдикатот на управата и правосудството од Црна Гора), граѓански организации, синдикати од нашата држава, работодавачи на неколку организации и организации кои го помагаат синдикатот и неговите членови.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, истакна дека новите времиња носат нови предизвици за Синдикатот на УПОЗ. Овие предизвици потврдуваат дека синдикалната борба е вековна и не застанува во остварување и унапредување на роботничките права и интереси. Затоа Синдикатот мора постојано да се модернизира и реформира, за да биде уште поцврст, помобилизиран и поединствен.

Претседателот на Владата на Р.Северна Македонија, Зоран Заев по повод 30 години од форимрањето на Синдикатот, испрати телеграма во која вели “Дијалогот со Синдикатот на УПОЗ ќе продолжи. Владата и лично јас како премиер ќе се заложам да изнаоѓаме заеднички решенија од интерес на работниците и убеден сум дека во тоа ќе бидеме успешни.”

На присутните со видео порака се обрати и Генерален секретар на ЕПСУ во која наведе дека: ЕПСУ секогаш ќе биде на страна на Синдикатот на УПОЗ во борбата за подобрување на правата на вработените.

На прославата беше презентирана и монографијата насловена: Синдикат на УПОЗ од формирањето до денес. Монографијата го изразува развојниот пат на Синдикатот на УПОЗ низ годините до денес.

Целта на Монографијата е да даде еден заокружен приказ за заложбите на Синдикатот на УПОЗ во остварувањето, заштитата и унапредување на правата и интересите на своето членство и подобрување на нивниот животен стандард до она што сме денес – современа, демократска, работничка организација.

По повод 30 годишнината на Синдикатот на УПОЗ, беа доделени и благодарници на истакнати членови на Синдикатот на УПОЗ кои во последните 15 – ет години биле активни и дале соодветен придонес за развојот и афирмацијата на Синдикатот.

 

Благодарници добија: Марија Ивановска (референт за општи работи вработена во Синдикатот на УПОЗ), Рифат Деде (од Државен пазарен инспекторат), Илија Ивановски (од Фонд на ПИОМ), Биљана Стаматова (од Министерството за финансии), Веселин Стојчевски (од Фонд за здравствено осигурување), Илија Смилев (претседател на Комисијата за солидарен фонд), Зоран Јосифовски (од Основен суд Кавадарци) и Горанчо Чолаков (од Основен суд Велес).

Исто така благодарници беа доделени и на Проф. д-р Борче Давитковски и Проф. д-р Лазар Јовевски за допринесот во работата на Синдикатот на УПОЗ како едукатори на членовите на Синдикатот, на Братските синдикати со кој Синдикатот на УПОЗ остварува соработка на меѓународен план, на граѓански организации со кои соработува Синдикатот, но и на досегашните тројца претседатели на Синдикатот на УПОЗ, Пантелеј Кочовски, Ванчо Муратовски и Пецо Грујовски.

Извор: УПОЗ

Прочитајте