spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПоддршката на мобилноста и поврзувањето на младите од регионот е вложување во...

Поддршката на мобилноста и поврзувањето на младите од регионот е вложување во нивната иднина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев го прими новоизбраниот генерален секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) на земјите од Западен Балкан Алберт Хани, кој оваа функција ја презеде како претставник на нашата земја.

На средбата, на која присуствуваше и Ѓорги Тасев, советник за млади и младински политики во Канцеларијата на претседателот на Владата, премиерот Заев му честиташе на генералниот секретар на RYCO Хани, и му посака успешен мандат во спроведувањето и координацијата на програмите на оваа организација чија цел е остварување на максимална мобилност и поврзување на младите од регионот како неопходен услов за помирување, соработка и за нивната заедничка иднина.

Претседателот на Владата Заев истакна дека Република Северна Македонија, како земја потписничка на договорот за основање на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), како и до сега, ќе продолжи активно да ги поддржува програмите на регионалната канцеларија која има седиште во Тирана, како исклучително важна точка за поврзување на младите од регионот на Западен Балкан како една од најзначајните цели на иницијативата Берлински процес во чии рамки е основана.

Генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), кој на средбата го придружуваа и членот на Управниот одбор на RYCO Блажен Малески и директорот на локалната канцеларија на организацијата во Скопје Владимир Ѓорѓевски, истакна дека Република Северна Македонија во оваа регионална мрежа е препознаена како една од најактивните земји во регионот и дека некои од младинските политики на земјата се земени за пример за успешна имплементација на најважните прашања за младите.

Извор: Влада

Прочитајте