МЗ: Новоотворен пункт за Вакцинација во Шуто Оризари

МинистерстваМЗ: Новоотворен пункт за Вакцинација во Шуто Оризари
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска го посети вакциналниот пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари, и каде граѓаните од оваа општина, од денеска ќе може да се вакцинираат за Ковид 19 без закажан термин. Пунктот за вакцинација во оваа општина почна да работи од денеска, а работното време на истиот ќе биде од понеделник до петок од 7.30 до 14.30 часот. Интересот на граѓаните од утрово е голем, истакна министерот.
-Од утрово до некаде 11 часот овде во Поликлиниката во Шуто Оризари се вакцинирани околу 40 сетина луѓе, гледаме дека тоа е добро и верувам дека ќе продолжи така и понатаму. Вакцинирањето на граѓаните без закажан термин и вакцинирањето на терен се процеси што ќе се одвиваат наредниот период без прекин, со распоредн направен од страна на здравствените работници од здравствените установи, распоредот ќе биде повторувачки, значи повеќе пати ќе се посетуваат населените места, селата, руралните места. Сметам дека на овој начин значајно се олеснуа пристапот на граѓаните до вакцина буквално на цела територија на нашата држава – рече министерот.
Министерот истакна дека овој период акцент се става на вакцинацијата, како еден механизам кој ќе придонесе да се зголеми колективниот имунитет и да се спречи нов бран.
– Механизмите кои ги имаме, кампањи, теренска вакцинација, ќе придонесат за што поголем број граѓани да се вакцинираат. Веројатно ќе има и нови соеви на вирусот, ќе има и нови мутации, но со рестрикции не може да живееме. Секаде во регионот, ширум Европа, буквално има од сите мутации на вирусот. Затоа го имаме овој пристап, сега го користиме овој инструмент – вакцините, кои лани го немавме, така ќе се заштитиме од сите соеви- изјави Филипче.

Извор: Министерство за здравство

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img