spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЕдинствената вина за лагите за ДУП-от кај Холидеј Ин ја носат Богдановиќ...

Единствената вина за лагите за ДУП-от кај Холидеј Ин ја носат Богдановиќ и Шилегов

Почитувани

Како што знаете, лагите и лажните ветувања на СДСМ, Шилегов и Богдановиќ излегоа на виделина.

Цели 3 години СДСМ Шилегов и Богдановиќ ги лажеа најбрутално центарци и скопјани дека ќе ревидираат ДУП-ови, ќе укинуваат градежни дозволи, ќе правеа јавни анкети, воведуваа лажни мораториуми кои како што се виде не функционираат и беа укинати, за на крај да не направат ништо од тоа и единствено да собираат ситни политички поени. Ова конкретно го мислам и говорам за ДУП-от кај Холидеј ИН и објектите кои треба таму да се прават.

Почитувани,

Тоа е СДСМ. Најпрвин префрлаат топката Шилегов кај Богдановиќ, Богдановиќ кај Бочварски, Бочварски кај куририте за некои си писмо што не стигнало до општината, за на крај да сфатат дека не можат повеќе да ги лажат граѓаните на Ново Маало, Центар и Град Скопје и да ги издадат потребните дозволи за градба.

Џабе лажење цели 3 години. Затоа ќе бидат казнети на овие избори.

И сега кога видоа дека не можат да излезат од сопствените лаги коишто влегоа, веднаш ги ставаат во функција обвинителство, судство и сите останати дека ќе барале криминал. Сето ова само за да ја замајат јавноста и да префрлат одговорност кај институциите.

Наспроти тоа имаа цели 3 години да го направат сето ова кое што го прават, и наспроти тоа единствени виновници за извисувањето на граѓаните и нивните лаги кои ги пласираа се само Шилегов, Богдановиќ и СДСМ, затоа што ги лажеа граѓаните за градбите кај Холидеј Ин.

Почитувани скопјани, почитувани центарци,

Јасни се намерите и лагите на СДСМ. Купување ситни политички поени, замајување јавност и ништо повеќе.

Затоа, овие избори треба да бидат казнети. Доволно ни беа лаги, доволни беа цели 4 години тапкање во место заради нив.

Новинарско прашање: Како гледате на изјавата на Заев дека резолуцијата треба да се прилагоди со уставното име, има ли место за некакви измени на текстот?

Одговор: Како што веќе знаете СДСМ, јавно на прес конференција ја прифати резолуцијата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја предложи до Собранието. Кога велам јавно ја прифати, тоа значи дека ја прифати онаква каква што е, односно каква што беше предложена од наша страна. Така да сите овие обиди да се излезе од тоа прифаќање кое јавно на прес конференција го кажаа е само уште еден момент да се видат искрените намери на  СДСМ и власта во врска со резолуцијата и врска со оние јасни искрени намери за заштита на државните интереси на Република Македонија.

Повеќето од партиите ја прифатија резолуцијата и не гледаме причина зошто СДСМ веднаш после прифаќањето, сега Зоран Заев бара некакви си усогласувања и измени, бидејќи веќе ја прифати онаква каква што беше предложена.

Новинарско прашање: Мислење за изборите во Бугарија, кои се очекувањата и има ли шанси за понатамошно решавање на спорот?

Одговор: Тоа што во овој момент можам да го кажам е да почекаме да видиме какви ќе бидат резултатите во Бугарија, но она што е поважно од случувањата во Бугарија е токму ова кое го говорев во претходното прашање, а тоа е што побрзо да се изгласа резолуцијата која беше предложена до Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа треба да биде резолуција која ќе не стави на вистинскиот пат, ќе се постават вистинските постулати за понатамошно било какво функционирање на работите на Република Македонија.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Битола: Реконструкција на улици во должина над 2 километри во Горно...

0
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претставници од општинската администрација, извршија увид на работните активности во Горно Оризари, каде се врши реконструкција на...