spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕКаде се парите од продажбата на Градската куќа, за колку ја зголеми...

Каде се парите од продажбата на Градската куќа, за колку ја зголеми администрацијата и зошто на работа оди во 10 часот ?

Чујте и почујте… Малициозниот стил на однесување им е непроменет, но тоа е помалку важно…

 

Прво, господине Шилегов за вкусови не се разговара… ве прашав каде се и за што се употребени 12,7 милиони евра од продажбата на ПРЕУБАВАТА градска куќа… одговор нема (слушнете и уверете се сами)

 

Второ, наследивте околу 420 вработени во Град Скопје, заедно со противпожарната бригада на Град Скопје беа околу 620! Господине Шилегов, од месец ноември 2017 година до месец април 2021 година ИМАТЕ НОВО ВРАБОТЕНИ околу 230 лица од кои во најголем процент со решение, а другите со договори преку агенција за времено ангажирање со што администрацијата ја зголемивте за повеќе од 50%… ноторни невистини давате како одговор на прашање, а зошто…вие си знаете (слушнете и уверете се сами)

 

И трето, понекогаш сме пред груба игра на зборови, но вашите навреди се ирелевантни затоа што

 

најчесто прашањата не се поставуваат за да добиеме одговор на нив, туку целта е да го изразиме чувствениот однос. Односно, поставувам прашање, чијшто одговор е очигледен. Па така, господине Шилегов треба да сте свесен дека граѓаните избираат градоначалник кој треба да биде расположлив во секоја смисла на зборот 24/7 (слушнете и уверете се сами)

 

П.С А за трите булевари Х.Т.Карпош, Босна и Херцеговина и Никола Карев, претходниот градоначалник ти остави пари и комплетна документација (проекти) со расчистени имотни односи, требаше само да распишеш тендери…

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...