spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииГи намаливме извршителските и нотарските трошоци, со Законот за отпис на камати...

Ги намаливме извршителските и нотарските трошоци, со Законот за отпис на камати на долгови, се отпишуваат 10 милиони евра долгови на 150.000 граѓани

Ние како СДСМ, како влада решивме наместо да инвестираме во палми, во непродуктивни споменици, кои блештат од корупција да инвестираме во луѓето и во нивните потреби, истакна секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на граѓанската трибина во Ресен под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

Маричиќ нагласи дека сите политики што ги правиме имаат една цел, а тоа е да им помогнат на граѓаните и да ги решат нивните проблеми.

Затоа градиме праведни политики, за добро на граѓаните, подвлече Маричиќ, додавајќи дека во изминатиот период 11 ставки од извршувањето на извршителите се укинати како трошоци, рапидно се намалени и нотарските и извршителските трошоци, за 75% ги намаливме глобите и воведовме задолжителна опомена пред глобење на било кој граѓанин.

Со законот за отпис на камати на долгови, со кој се отпишуваат 10 милиони евра им помагаме на 150 000 граѓани, а пратениците на СДСМ во Собранието се борат за секој закон, кој треба да даде некаква поддршка и помош за граѓаните, рече Маричиќ.

Тој нагласи дека има пратеници од опозицијата кои не знаат зошто одат на работа, пратеници од опозицијата кои не одат на работа, или одат само кога треба да блокираат нешто.

Нашите пратеници секојдневно се борат со тие блокади, знаат зошто се таму, за да им служат на граѓаните, да носат закони во интерес на граѓаните, порача секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, на граѓанската трибина во Ресен под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...