spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Средба со бизнис заедницата за хармонизација на царинските стапки

МФ: Средба со бизнис заедницата за хармонизација на царинските стапки

Усогласувањето на царинските стапки со стапките на ЕУ ќе доведе до јакнење на конкурентноста на домашната индустрија, зголемени инвестиции од страна на компаниите, а со тоа и нови вработувања. Ова беше посочено на состанокoт во Министерството за финансии на кој присуствуваа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-претседателот на Владата на РСМ Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа и претставници на Стопанска комора на Северна Македонија, Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на северо-западна Македонија, МАСИТ, МАТТО, како и претставници на АмЧам Северна Македонија.

Усогласувањето на царинските стапки е барање на стопанствениците во насока на хармонизација на царинските стапки на одредени тарифни броеви со стапките на Европската Унија. На состанокот беше претставена анализата кој ги опфаќа сите доставени барања за измена на царинските стапки на тарифните броеви од страна на сите стопански комори и ефектот врз македонската економија. Принципите врз кои се заснова и е работена анализата се заштитата на домашното производство и хармонизација на царинските стапки со стапките на ЕУ која треба да придонесе јакнење на конкурентноста на домашната индустрија, создавање поатрактивни услови за странските инвеститори, како и поинтензивно вклучување во глобалните ланци на снабдување односно создавање на додадена вредност.

 

Дијалогот и партнерството на Владата на Република Северна Македонија со бизнис заедницата се одвива во континуитет. Преку средбите со бизнис заедницата се дискутираат сите прашања, за кои институциите прават сериозни анализи и се преземаат соодветни активности. Од бизнис заедницата слушнавме предлози кои понатаму ќе бидат разгледaни и она што е во насока на помош и поддршка ќе биде прифатено. Владата е тука да создава услови и деловен амбиент за работа, развој на инвестиции, на извозот, а со тоа и на севкупната економија.

 

Креирање поволно деловно опкружување преку системско редифинирање на царинскиот тарифник, намалување на други парафискални давачки и даночно олеснување и одложување на неколку јавни давачки беше предвидено и во Петтиот пакет антикризни мерки, а што беа и барања од стопанствениците.

 

Мерките се дизјанирани за директна поддршка на стопанството и компаниите, а со тоа и поддршка на граѓаните со подобрување на животниот стандард и работните услови.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...