spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Заменик министерот Хусејин со поддршка за Центарот за психосоцијална поддршка во...

МТСП: Заменик министерот Хусејин со поддршка за Центарот за психосоцијална поддршка во Црвен Крст

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин се обрати на настанот организиран по повод отворање на Центар за психосоцијална поддршка во Црвен Крст на РСМ, притоа искажувајќи поддршка за оваа иницијатива на Црвениот крст на РСМ.

 

Во своето обраќање пред присутните, заменик министерот за труд и социјална политика Хусејин, осврнувајќи се на потребата од зачувување и унапредување на менталното здравје во услови на криза и мирнодопски услови, подвлече дека според негово убедување, “првата психолошка помош некогаш е позначајна и од било која материјална помош која може да му се даде на некое лице во неволја”.

Со цел унапредување на активностите за поддршка и помош на граѓаните и институциите во државата, а во чекор со глобалните предизвици и зголемување на свесноста за важноста и потребата од заштита на менталното здравје, Црвениот крст на РСМ отвора Центар за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка. Центарот за психосоцијална поддршка на Црвениот крст на РСМ ќе биде институционализиран преку спроведување на одржливи активности за градење на националните капацитети со цел обезбедување на прва психолошка помош и психосоцијална поддршка на различни целни групи.

Покрај заменик министерот Хусејин, обраќања на настанот имаа и Генералниот секретар на Црвениот Крст на РСМ, д-р Саит Саити, министерот за здравство Венко Филипче, како и проф.д-р Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на претседателот на РСМ.

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...