spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Словенија е голем поддржувач на евроинтегративниот процес

МТСП: Словенија е голем поддржувач на евроинтегративниот процес

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, по официјалната вечера на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу ЕУ и Западен Балкан, кој се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија имаше неформална средба со министерот за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности на Република Словенија Јанез Циглер Краљ.

 

 

 

Двајцата соговорници разговараа за приоритетите на двете земји, особено по предизвиците што ги наметна Пандемијата со Ковид-19, но и за продлабочување на меѓусебната соработка.

 

Министерката Шахпаска се заблагодари за поддршката што ја добиваме од Словенија и ја истакна вербата и очекувањето дека Република Словенија за време на претседателствувањето со Европската Унија уште повеќе ќе придонесе за конечно придвижување на Северна Македонија во нејзиниот интегративен процес и поскоро одржување на првата меѓу владина конференција.

 

Словенечкиот министер Циглер Краљ оцени дека после пандемијата сите држави и во ЕУ и во Западен Балкан мора да се фокусираат на политики за младите кои ќе значат создавање услови за нивен побрз напредок и развој.

 

Министерката Шахпаска информираше дека Северна Македонија креира и имплементира системски политики и решенија со цел да им обезбеди услови на младите да останат во државата и тука да ја градат својата иднина.

 

Таа додаде дека Министерството за труд и социјална политика работи на повеќе нови законски решенија, како што е и Законот за работни односи, во кој ќе бидат имплементирани работата од дома, работата од далечина, флексибилното работно време со цел да излезе во пресрет на потребите на денешнината. За дел од нив, додаде Шахпаска, како што законот за вработување и осигурување во случај на невработеност го анализираме и словенечкиот модел.

 

Таа го покани министерот Циглер Краљ, во наредниот период, да ја посети Северна Македонија, подетално да се запознае со социјалната реформа, но и да се разгледаат можностите за меѓусебна соработка.

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...