spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: „Осоговска авантура“ – планинарска велосипедска тура од Пониква до Царев Врв

Кочани: „Осоговска авантура“ – планинарска велосипедска тура од Пониква до Царев Врв

Стотина велосипедисти од различни краеви на Македонија учествуваат на четвртото издание на планинската велосипедска тура „Осоговска авантура“, што ја организира велосипедската група МТБ „Исток“ од Кочани. Велосипедистите ја минуваат патеката од Пониква до Царев Врв, со должина од 40 км и со висинска разлика од 1 000 метри.

– Годинава должината е малку скратена поради условите создадени со пандемијата. Настанот „Осоговска авантура“ придонесува за поголема промоција на планинскиот велосипедизам на Осоговските Планини. Учесниците во оваа велосипедска тура можат да ги видат убавините на Осоговијата и да го видат вториот врв по височина на Осогово – соопшти Панче Зафиров од МТБ „Исток“.

Организаторите додаваат дека оваа тура е наменета за растечката заедница рекреативци кои спортуваат со планински велосипеди, со цел да им се доближат потенцијалите за планински спортови во овој крај.

– Пониква и целата Осоговија добиваат нови димензии, па покрај убавите услови за зимските спортови, даваат можности за планински велосипедизам. Со изградбата на велосипедските патеки од Кочани до Пониква и на планинарскиот дом, создаваме нови можности  планината да биде атрактивна 365 дена во годината. Да уживаме во убавините на природата и да ги чуваме – истакна на отворањето на настанот Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Велосипедската тура „Осоговска авантура“ се реализира со финансиска поддршка од Општина Кочани.

Извор: Општина Кочани

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...