spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕНаместо 300 милиони евра за проект во Грција, може да се изградат...

Наместо 300 милиони евра за проект во Грција, може да се изградат три помали централи на гас

На денешната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ проф. Д-р Константин Димитров истакна дека политиката на Македонија мора да биде кон развој на гасификациските системи во наредниот период. Гасификацијата е многу потребна во овој период на таканаречена транзиција, кога централите кои се на јаглен полека ќе ги заменуваме. Гасот ќе биде тој кој ќе биде главен во производството на енергијата, рече тој.

-Со месеци по медиумите се пренесува помпезно дека се потпишува меморандум за поврзување со гасоводот во Грција. Да, тоа е добра работа да се поврземе. Но, да се потсетиме дека тој меморандум е потпишан веќе неколку години, значи пред неколку години постигната е согласност Македонија да се приклучи на тој систем и да си купува гас, вели Димитров.

Според него, потребно е да се инвестира во енергетиката но, во Македонија, а не да се трошат 300 милиони евра во Грција.

-Со тие средства може да се изградат 3 помали централи, на пример во Тетово ете и загадувањето така ќе се намали, друга во Штип или Скопје не е важно. Но, што е важно тие централи македонски фирми ќе ги градат. Ќе заживее економијата. Ќе се отворат нови работни места. Младите нема да одат во странство. Тоа ќе биде задача на новата влада, посочи професорот Димитров.

Зошто нема потрошувачка на гас, кој е поевтин по еколошки, затоа што проектите кои беа започнати се укочени четири години, четири години не е мрднато, вели тој.

-Направени се преносни системи за гасот. Стасан е до Штип, Неготино, Кавадарци, Прилеп и така натаму. А ниту еден метар не е направена дистрибутивна мрежа, за да можат граѓаните да ги користат придобивките на ова благородно гориво, изјави Димитров.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...