СГИП во посета на работниците на градилиштето на автопатот Кичево-Охрид

СиндикатиСГИП во посета на работниците на градилиштето на автопатот Кичево-Охрид
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Претседателот на СГИП, Иван Пешевски ги посети градежните работници кои се работно ангажирани на изградбата мостовите на автопатот Кичево-Охрид.

Иако од страна на работодавачот Гранит АД се преземени и обезбедени сите услови за работа согласно Законот за безбедност и здравје при работа, за безбедно извршување на работата и работните задачи, временските услови и високите температури над 40 степени, ги отежнуваат работите, а истовремено влијаат по здравјето на работниците.

Градежните работници заслужуваат бенифициран стаж заради нивната тешка работа, а условите на терен покажуваат дека не може луѓе кои не излегле да ги видат условите во кои се работи и се градат патиштата и Државата особено во летниот и зимскиот период при енормно високи или ниски температури, да носат закони кои дополнително ќе ги истрошат работниците и кои ќе бидат закани по нивниот живот и здравје.

Градежните работници, за разлика од претставниците на народот кои ги носат законите и денеска беа на мостот на автопатот Кичево – Охрид, изложени на временските услови, извршувајќи ги своите работни задачи.

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img