spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиУПОЗ: Неиздржан и непристоен Предлог

УПОЗ: Неиздржан и непристоен Предлог

Денес со соопштение до јавноста реагираше Синдикатот на УПОЗ во врска со предлозите изнесени на вчерашната седница на Владата да ја “дисциплинира” администрацијата, мерки кои наводно ќе ја спречат корупцијата. 

Синидкатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р. Македонија (УПОЗ), е изненаден од предлозите истакнати на вчерашната седница на Владата на С. Македонија на која се разгледувале предлози преку видео надзор и боди камери да се регулира работата на службениците во ситуации кога е неопходно тие директно преку физички контакт да работат со граѓаните.

Затекнати сме и од констататацијата дека сето ова Владата го предлага како механизам за контролирање на работата на службениците, а со цел да служи за превенција од корупција.

Сметаме дека ваквите предлози на Владата се нехумани, против законски и  дискриминаторски  и доаѓаат како одговор на барањето на Синдикатот на УПОЗ да одпочне преговори за платите на администрацијата бидејќи 95% од вработените имаат плата под просекот на државата.

Владата е должна да го консултира и да го вклучи Синдикатот како социјален партнер при донесување на вакви законски решенија кои се однесуваат за условите за работа што е пропишано и со законите и со колективните договори.

Затоа го поставуваме и прашањето која европска држава има ваква пракса? Според нашите сознанија, на пример, во САД само оперативните служби кои се во акција можат да имаат камера на себе како и мобилните екипи на царината и евентуално сообраќајната полиција.

Дали при предлагањето на оваа точка Владата го имала во предвид фактот дека со Закон е забрането снимање на вработените и граѓаните, а дозволено е снимање, само заради безбедност на објектите, што е дел  од македонската и од европската регулатива.

Синдикатот на УПОЗ ќе се обрати до Владата со барање итно да се стопираат ваквите предлози, Синдикатот задолжително да биде вклучен во донсесување на прописите кои ќе ја регулираат оваа материја, но никогаш Синдикатот нема да се согласи вработените да бидат снимани со камери и на себе да носат камери.

Синдикатот на УПОЗ бара да престане атакот врз администрацијата која одреден период во државата доаѓа од поединци и организирани групи со цел да се оцрни и омаловажи админастрацијата што на крај дава негативна слика за државата во целост.

И после ова прашуваме, дали корпупцијата во државата е присутна само кај административните службеници кои директно работат со граѓаните или одговорноста за корупцијата треба да се бара пошироко и посебно кај оние кои ја водат администрацијата.

Извор: УПОЗ

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...