Граѓаните ќе добијат повисоки сметки за струја заради неспособноста на ова владејачко мнозинство да менаџира соодветно со Собранието и да ги антиципира и пазарните текови поврзани со цената на струјата, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарско прашање зошто се уште власта не го носи Законот за намалувањето на ДДВ на струјата, а веќе почна нов месец.
Муцунски истакна дека Законот помина во Комисијата за финансирање и буџет со која претседава ВМРО-ДПМНЕ, но дека власта не го става овој Закон на пленарна седница, како и дека ги одби другите предлози за олеснувања.
ВМРО-ДПМНЕ покрај ова намалување имаше и два дополнителни предлози. Првиот предлог е ова намалување да важи и за следната година за граѓаните и таа година да немаат покачување на сметки и второто беше да важи и за правните лица. Тоа се одби од страна на мнозинството. Но ВМРО-ДПМНЕ го забрза и поддржа носењето на овој Закон. Прашањето кое треба да го постават и граѓаните и медиумите е зошто повеќе од недела дена се чека да се закаже пленарна седница на која ќе помине овој закон, истакна Муцунски.
Тој потенцира дека нејасни се причините за калкулација на мнозинството, а фактички на терен ќе се случи тоа што ВМРО-ДПМНЕ подолг период го најавуваше, дека граѓаните ќе добијат повисоки сметки заради неспособноста на ова владејачко мнозинство да менаџира соодветно со Собранието и да ги антиципира и пазарните текови поврзани со цената на струјата.
Извор: ВМРО ДПМНЕ