spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Нови парковски содржини во центарот

Делчево: Нови парковски содржини во центарот

Се уредуваат две парковски содржини во централното градско подрачје во близина на стариот пазар. Станува збор за површина од над 200м2 од кои едната на ул „Маршал Тито“ во вид на трибини, а другата наспроти неа, на добро познатото место за одмор кај врбата.

На двете површини ќе се постави урбана опрема, соодветно осветлување, но ќе има и соодветно хортикултурно уредување. Уредувањето на двете површини е дополнување на претходно уредената парковска содржина на оваа локација кај „Жито маркети“, со што се оплеменува просторот и се дава нов и урбан лик на централното градско подрачје, каде се планира воведување и на нови содржини. Инвестицијата за изградба на двете нови парковски содржини е на Општина Делчево, а работите ги изведуваат екипи на ЈКП „Брегалница“.

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...