spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Подготвеноста за стартот на учебната година според новата Концепција

МОН: Подготвеноста за стартот на учебната година според новата Концепција

Со цел да се запознае со подготовките на училиштата за новата учебна година министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска одржа редовен состанок со градоначалниците, директорите на училиштата и задолжените лица за образование во локалните самоуправи. Тема на разговор на состанокот беше подготвеноста за имплементација на новите наставни програми за прво и четврто одделение кои согласно новата Концепција за основно образование треба да стартуваат од 1 септември годинава.

На состанокот беа споделени информации за техничката подготвеност со опрема со која располагаат училиштата, неопходна за успешна реализација на зацртаните реформи. Исто така, градоначалниците и директорите истакнаа дека интензивно се подготвуваат и заедно со МОН ќе обезбедат навремен почеток на учебната година и спроведување на новите наставни програми.

Министерството за образование и наука продолжува со подготовката на дигиталните материјали за учење и покрај повлекувањето на предлог законот за учебници од собраниска процедура. Новите материјали за учење се изработуваат согласно усвоените нови наставни програми кои треба да обезбедат поголема интерактивност за време на наставата и да го поттикнат креативното и критичко размислување кај учениците.


Сите промени во основното образование се предвидени со новата Концепција, усвоена преку широка јавна дебата при што предвид е земено мислењето на сите засегнати чинители, а особено и на експертската јавност.

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...