spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Османи – Сејдини

МНР: Средба Османи – Сејдини

Министерот за Надворешни Работи, Бујар Османи денес имаше средба со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини.

Изразувајќи честитки честитки за постигнатиот успех на дебито на Република Северна Македонија на овогодишното Европското првенство, Османи упати благодарност во името на Владата и Министерството за надворешни работи, за достоинственото претставување на земјата во меѓународната јавност.

Централна тема на средбата беа предизвиците со кои се соочува именувањето на националната фудбалска федерација како и на фудбалската репрезентација на земјава. Османи посочи на законските обврски за примена на уставното име за организациите кои ја преставуваат земјата и кои било каков начин примаат дотации или друг вид финансирање од државата. Соговорниците се согласија дека на оваа тема ќе ѝ пристапат со добра волја и позитивен пристап, со цел да се надминат сите несогласувања и предизвици кои се појавуваат.

Во оваа прилика Османи го извести Сејдини дека Министерството за надвoрешни работи  навремено реагираше и до УЕФА и странските медиумите за погрешното применување на државјанството на членовите на Организацијата и репрезентативците, посочувајќи притоа дека УЕФА навремено ги коригираше грешките.

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...