spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Мојсовски во посета на „МЛАДИХАБ”

АМС: Мојсовски во посета на „МЛАДИХАБ”

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски на покана од Националниот младински совет беше во центарот на„МЛАДИХАБ Дигитална младина“ каде заедно со својот тим, советникот за млади и младински политики на на премиерот Заев, Ѓорги Тасев и со претставници од НМСМ разговараше за интензивирање на соработката, продлабочување на дијалогот и креирање на младинските политики и активности како заеднички врвен приоритет.

 

-Нашата цел продолжува да биде да ги слушаме младите луѓе, да соработуваме со нив, да ги вклучуваме во процесите на донесување на одлуки и да ја унапредуваме положбата на младите.

 

Националниот младински совет како најголемо претставничко тело е важен партнер на Агенција за млади и спорт во спроведувањето на сите младински процеси и активности, истакна Мојсовски.

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте