spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Спортски активности и дружба со децата со Даунов синдром

АМС: Спортски активности и дружба со децата со Даунов синдром

Сојузот на спортски федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт организираше дружба со децата со Даунов синдром. Спортските активности беа дел од настанот на кој директорот на Агенцијата за млади и спорт ја искористи приликата да им додели спортска опрема на сите деца, како поддршка за се што овие спортисти прават за себе, но и за претставување на сопствената држава надвор од границите на истата.

Имено станува збор за поголема група на деца која учествува во различни спортови и тоа: пливање, фудбал, лесна атлетика и други спортски активности со кои земаат активно учество и надвор од државата, особено во земјите од Балканскиот регион.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски истакна дека ќе продолжи соработката со оваа група на спортски ентузијасти, особено кога станува збор за нивни настапи на меѓунареден план.

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

МЗШВ: Исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари, грижата за земјоделците...

0
Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите се исплатија 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица. Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на...