Стечајна постапка над должникот Баргала АД Штип

СиндикатиСтечајна постапка над должникот Баргала АД Штип
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

На предлог на работниците, застапувани од ССМ, поради не исплатени повеќе од три плати, како и поради тоа што сметките на должникот Баргала АД Штип се блокирани повеќе од 45 дена, Основниот суд во Штип, преку стечајниот судија Емил Пилатов во законскиот рок донесе Решение за поведување на претходна постапка за утврдување на причините за отварање на стечајна постапка над имотот на должникот Баргала АД Штип и именуваше привремен стечаен управник.

На должникот Баргала АД Штип му е определена општа забрана за располагање со која му е забрането да располага со имотот без одобрение на стечајниот управник, како и се забранува одредувањето или спроведувањето на присилно извршување или обезбедување против должникот.

Ја поздравуваме брзата реакција на судот и стечајниот судија Емил Пилатов, а на привремениот стечаен управник му укажуваме дека првенствено треба да води сметка дека работниците својата егзистенција и егзистенцијата на своите семејства ја обезбедувале во компанијата, па првенствено треба да води сметка за спроведување на решенијата издадени од страна на надлежни државни органи и институции, а на самонаречениот ,,Газдата” , ССМ заедно со работниците му порачуваме дека денес и тој е ист со нас и дека против сложни и напатени работници сила не се покажува.

Институциите, преку нашата соработка и брзите реакции покажаа дека активностите кои ги спроведува ССМ како единствен легитимен претставник на работниците кој и во најтешките моменти, заедно со нив рамо до рамо стои исправен пред таканаречените газди – локални шерифи, се издржани и легитимни.

На работниците им укажуваме дека кога се храбри и одлучни, се многу посилни и од најлошиот работодавач, а ССМ е секогаш тука да ги застапува само нивните интереси и барања.

Се надеваме дека постапката ќе заврши во интерес на работниците и дека таквите газди ќе одговараат пред законите во најкраток рок, а охрабрува фактот што државата води сметка да ги заштити работниците наместо ваквите не совесни газди, а институциите функционираат без притисок од никој, без оглед за кој и да се работи, а пред законите сите се еднакви.

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img