spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииМицкоски може да учи што се одговорни енергетски политики

Мицкоски може да учи што се одговорни енергетски политики

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која 11 години грабаше од граѓаните, партија која за 11 години остави пустош во енергетиката и државата ја направи зависна од увоз на скапа електрична енергија.

 

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ цената на електрична енергија се зголеми за 100 отсто, а беше укината дневната евтина тарифа на струјата.

 

Како опозиција оваа партија се противеше на враќањето на евтината тарифа на струјата, се противеше на бројни енергетски проекти, во Собранието правеа се за да не се донесат измените на законот со кој ДДВ за електрична енергија се намалува на 5 отсто а денес глумат загриженост за цените на електричната енергија.

 

Денес, како никогаш претходно се инвестира во обновливи извори на енергија, денес со намалувањето на ДДВ за електрична енергија семејствата се заштитени од покачувањето на цената на струјата.

 

Сето тоа се одгвоорни чекори и политики во енергетиката од кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат само да учат.

 

Граѓаните знаат кој се грижи за нивниот стандард а кој со години земаше од нив за да троши на непродуктивни и криминални проекти, затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува нов пораз од граѓаните на следните избори.

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...