spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСДСМ предложува корумпирани градоначалници

СДСМ предложува корумпирани градоначалници

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашната изјава од Битола, во однос на работата на локалната власт во Битола и предлозите за градоначалници на СДСМ, истакна дека СДСМ предложува стари имиња и корумпирани градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ има 95% нови имиња кои прв пат ќе ја бараат довербата од граѓаните и ќе работат чесно.

 

-Кој и да биде кандидатот на СДСМ во Битола тој и нема што да понуди, затоа што видовте 31 име стари имиња кои ги предложија, нема нешто ново, а заборавија на старите ветувања, за сега да видиме дека даваат нови ветувања, жалам што владеачкото мнозинство не успеа да магнетизира нови луѓе и на локално ниво, а се потпираат на старите корумпирани градоначалници, истакна Мицкоски.

 

Мицкоски посочи дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ излегува со сосема нови имиња, повеќе од 95% од имињата односно кандидати за градоначалници ќе бидат кои прв пат ќе ја бараат довербата на граѓаните.

 

-Процесот на реформа во ВМРО-ДПМНЕ заврши, почнуваме со реформа во Македонија, која тоа го заслужува, а за мене патриотизмот во 21 век се луѓе кои ќе работат чесно, честито – порача Мицкоски.

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...