spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Рок за продолжување на правото на ученичка стипендија

МОН: Рок за продолжување на правото на ученичка стипендија

Се известуваат сите корисници на правото на ученичка стипендија остварено во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за достава на документите до Министерството за образование и наука почнува од 01.09.2021 и трае до 30.09.2021 година.

Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за редовен ученик за учебната 2021/2022 година и копија од последното свидителство.

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mkа доколку ученикот не е во можност да достави електронски, документите се доставуваат преку писарницата на Министерството за образование и наука или по пошта (препорачана пратка со повратница) на адреса: бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје или директно во Министерството.

За подетални информации можете да се јавите на контакт телефонот во Министерството 072-219-986, Филиз Незир. 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...