На јавниот повик за субвенционирање велосипеди во Општина Аеродром пристигнаа 423 барања, од кои 420 се прифатени, 2 одбиени поради нецелосни документи и 1 повлечено.
Во текот на оваа недела ќе бидат изработени решенијата, по што ќе следува повратот на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари, со вклучен персонален данок на доход.
„Целта на овој проект е поттикнување на граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да придонесе за почист воздух и поздрава животна средина“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.
19.7.2021
Општина Аеродром
Извор: Општина Аеродром