Аеродром: 420 граѓани ќе добијат субвенции за велосипеди

ОпштиниАеродром: 420 граѓани ќе добијат субвенции за велосипеди
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

На јавниот повик за субвенционирање велосипеди во Општина Аеродром пристигнаа 423 барања, од кои 420 се прифатени, 2 одбиени поради нецелосни документи и 1 повлечено.

Во текот на оваа недела ќе бидат изработени решенијата, по што ќе следува повратот на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари, со вклучен персонален данок на доход.

„Целта на овој проект е поттикнување на граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да придонесе за почист воздух и поздрава животна средина“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

19.7.2021

Општина Аеродром

Извор: Општина Аеродром

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img