spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче добива целосно нов покрив

Аеродром: Градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче добива целосно нов покрив

Деновиве се врши целосна реконструкција на покривот на детската градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче.

Старите салонитки се заменуваат со нов лимен покрив, како и со енергетски ефикасна изолација. Станува збор за прва реконструкција на покривот од изградбата на градинката.

Општина Аеродром изминатите години се фокусираше на подобрување на условите во детските градинки и вложи многу за обезбедување современи услови за престој и правилен раст и развој на најмалите.

„Остануваме посветени на подобрувањето на условите во детските градинки и тоа е наш врвен приоритет. Значајна е секоја реконструкција и реновирање на објектите затоа што дечињата мора да престојуваат во здрава и пријатна средина, тие се нашата иднина“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Во февруари, годинава, во клонот „Пчелка 2“ во рамките на градинката „Буба Мара“ во населбата Лисиче целосно се реконструираше главната кујна, за прв пат од изградбата на објектот во 1980 година. Во 2019 година беше пуштен во употреба целосно нов објект во Ново Лисиче со капацитет за згрижување на 200 дечиња.

Исто така, неодамна почнаа градежните активности на изградбата на новиот објект „Црвенкапа“ во рамките на детската градинка „Срничка“ во Стар Аеродром со капацитет за згрижување на 200 деца.

16.7.2021

Општина Аеродром

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте