Словенија од 1 јули го презеде претседавањето со ЕУ. Владата во Љубљана во следните шест месеци ќе има пресудно влијание врз главните теми и распоредот во одлучувањето на земјите-членки на ЕУ.
Како член на Националниот совет за евроинтеграции и претставник од ЗЕЛС, денеска во Законодавниот Дом градоначалникот Александар Наумоски присуствуваше на втората седница, на која Н.Е. Милан Предан, Амбасадор на Република Словенија, ги презентираше програмата и приоритетите за работата на словенечкото претседателство со Советот на Европската унија.
Словенија во следните шест месеци под мотото „Заедно. Отпорна. Европа“ ќе работи во насока на обезбедување на постојаност и развој на ЕУ, со посебен акцент на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан.
Словенија планира претседавањето со ЕУ да го фокусира на Западниот Балкан со земјите-кандидати Албанија, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Се планира самит на шефовите на држави и влади во Словенија во октомври.
Извор: Општина Ѓорче Петров