spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Започна реконструкцијата на СГУ ,,Кочо Рацин“

Ѓорче Петров: Започна реконструкцијата на СГУ ,,Кочо Рацин“

Кочо Рацин е единствено средно училиште во општина Ѓорче Петров. Изградено е после скопскиот земјотерес во 1964 година со донација од англиската влада. За постарата генерација ѓорчепетровци,  средното образование без двојба се продолжуваше тука во Кочо, додека сега со 23-те средни училишта во Скопје и изборот на стручните училишта помладите генерации се одлучуваат да изберат училиште надвор од нашата општина.

Покрај гимназиската и економско-правната насока, ова училиште е и специфично по тоа што е единственото во градот кое ја има текстилно-кожарската струка. Професија и занает кој се повеќе е баран на пазарот на трудот и со чиј профил многу побрзо ученците наоѓаат работа.

Покрај насоките и квалитетот на  образованието кое се нуди, многу важно е и во кави услови ќе учат учениците. За прв пат после 57 години, се пристапува кон темелна реконструкција на училиштето која ја реализира Градот со средства од Буџетот или 52,3 милиони денари.

Реконструкцијата на објектот вклучува целосна реконструкција на фасадата со што и ова училиште ќе добие нова енергетски ефикасна фасада, а покрај фасадата предвидена е и реконструкција на покривот, таванот, и на надворешната столарија која опфаќа замена на вратите и прозорците на училиштето. Со овој градежен зафат, Кочо Рацин ќе биде комплетно нов лик а училиште ќе стане се потрактивно за новите средношколци  и ќе дистрибуира кадри и генарции со кои сите ќе се гордееме.

„Кочо Рацин“ е 14-то училиште кое добива нова енергетски ефикасна фасада,  a Град Скопје пред само две години ги реконструираше фасадите на вкупно 13 средни училишта, а други помали реконструкции на објекти беа направени во сите 23 средни училишта во надлежност на градот.

Овие реконструкции на фасадите започнаа пред 3,5 години со пренамена средства во висина од 70 милиони денари кои беа наменети за барокни фасади во центарот на градот како дел од Скопје 2014.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...