spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииПродолжуваме да ги слушаме граѓаните и да работиме во нивен интерес

Продолжуваме да ги слушаме граѓаните и да работиме во нивен интерес

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, попладнево се сретна со жителите на Кочани со кои разговараше за сработеното во изминатиот период, но и за барањата и очекувањата на граѓаните.

“Како и до сега ние сме тука дирекно од граѓаните да слушнеме што е најдоброто за вас. Ова е одлика на транспарентното владеење на СДСМ и продолжуваме да ги слушаме и исполнуваме барањата на граѓаните и во периодот што ни доаѓа”, рече Царовска.

Царовска истакна дека досега реализираните вредни капитални инвестиции изминатите три и пол години на локално и централно ниво од кои голем дел се и во образованието се доказ дека СДСМ работи исклучиво во интерес на граѓаните.

“Инвестициите во образовните институции во Кочани се околу 90 милиони денари, и тие се однесуваат на подобрување на условите во училиштата, замена на кровни конструкции и реконструкција на тоалетите”, рече Царовска.

Потпретседателката на СДСМ рече дека освен што инвестираме во современи објекти, истовремено вложуваме и во квалитетни наставни програми и во поддршка на наставниците со што го развиваме и унапредуваме националниот образовен систем.
и да работиме во нивен интерес.

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...