spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, изнесува 108.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (29.0 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28.7 %) и Други услужни дејности (14.4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7.0 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5.5 %) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (5.3 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година изнесува 28 721 денари.

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...