Град Скопје: Почна реконструкцијата на булеварот Киро Глигоров во Гази Баба

ОпштиниГрад Скопје: Почна реконструкцијата на булеварот Киро Глигоров во Гази Баба
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Градоначалникот Шилегов одржа прес- конференција на булеварот Киро Глигоров каде што почнаа градежните работи за негова реконструкција на потегот од мостот Близнак до крстосница со улица Перо Наков.

– Градот Скопје денеска во Општина Гази  Баба решава еден од никогаш нерешените проблеми, односно за конечно да се развива општината по булеварот Киро Глигоров се поставува фекална канализација, што ќе биде првата канализација што директно ќе се влева во колекторскиот систем. Канализацијата ќе биде со должина од над еден километар, односно од овој потег овде каде што се наоѓаме, па се до Естекадата кај Автокоманда од едната страна, а од другара страна ќе работиме на атмосферска канализација на истиот потег, со што целосно ќе се реши проблемот кој е повеќедецениски со непостоење на  атмосферска и фекална канализација на овој дел којшто е сериозно индустриски развиен дел во нашиот град. Со ова, всушност, ќе овозможиме непречен развој на самата општина и во индустрискиот дел, меѓутоа и во станбениот дел којшто интензивно се развива во овој период. Паралелно со изведбата на овие две канализациони мрежи, во првата фаза ќе извршиме и замена и освежување на коловозот од клучката Дијамант до раскрсницата на Перо Наков,  значи на две раскрсници, а по завршувањето на работата на канализацијата ќе извршиме и реновирање на дел од асфалтот  на булеварот се до мостот Близнаци.  Оваа инвестиција Градот ќе го чини околу 110 милиони денари – кажа Шилегов.

Тој додаде дека станува збор  за активности коишто ќе се изведуваат во фази и дека  првиот дел со замена на асфалтот ќе биде готов за помалку од еден месец, а остатокот од канализацијата со реконструкцијата на асфалтот би требало да се заврши за неколку месеци.

– Град Скопје во соработка со Општина Гази Баба подготвува документација и веќе  сме во фаза на финиширање, за почеток на постапката за реконструкција на улицата Перо Наков, улица  која откако е направена не е реновирана. Ние како Град се обидуваме полека чекор  по чекор рамномерно  во сите делови на градот да придонесеме за развој на инфраструктурата и за подобрување на условите за урбаното живеење  во нашиот град – рече Шилегов.

На почетокот на градежните работи за реконструкција на булеварот  Киро Глигоров присуствуваа градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img