Град Скопје: Зошто БРТ системот е најдобар избор за Скопје?

ОпштиниГрад Скопје: Зошто БРТ системот е најдобар избор за Скопје?
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

На презентацијата на БРТ системот на брз автобуски превоз во Скопје која се одржа минатата недела, проф. д-р Никола Крстаноски, од Техничкиот факултет Битола разјасни неколку дилеми кои се појавија во јавноста.

Во своето излагање појаснуваќи ја разликата помеѓу БРТ системот и регуларниот автобуски систем кој денеска се користи во Скопје, тој нагласи дека БРТ се одликува со физички издвоена траса, станици коишто се од затворен тип, приоритет на сигнализираните раскрсници, систем за наплата со паметни картици, АВЛ систем, систем со информации за патниците и интеграција со останатите видови на јавен превоз.

„Токму овие својства, според начинот на функционирање и според квалитетот на услугата што ја нуди, го прават БРТ системот поинаков, скоро идентичен со системите на брз трамвај односно ЛРТ (Light Rail Transit), а има елементи кои се слични и со метро системот“ – додава професорот Крстаноски.

Линк https://www.facebook.com/100044532035439/videos/555042805505050

Одговарајќи на прашањето зошто БРТ системот е најдобар избор за Скопје тој потенцираше дека Скопје доцни 40 години во правењето на квалитетен исчекор во унапредувањето на јавниот градски превоз.

„На почетокот на 80-тите години постоеше иницијатива за воведување на трамвајски систем во Скопје, кој беше пропратен и со референдум за самопридонес кој само за неколку проценти беше неуспешен. Меѓутоа тоа што денес се случува во Скопје, како град со шестотини илјади жители, со преку 170 илјади регистрирани возила, зборува дека Скопје има сериозен проблем во сообраќајниот систем бидејќи недостасува еден клучен елемент. А тоа е брз, висококапацитативен, еколошки вид на јавен градски превоз којшто ќе даде квалитетна услуга и којшто ќе биде атрактивен за граѓаните на Град Скопје“ – додаде Крстаноски.

Линк https://www.facebook.com/100044532035439/videos/2298394403627710

Професорот Крстаноски појасни и зошто е одбрано централно поставување на трасите. Во таа насока тој појасни дека со евентуалното поставување на трасите на десната страна се губеше можноста за леви свртувања, особено на булеварот Партизански одреди.

„Замислете што би станало по должината на Партизански одреди да се забранети леви свртувања, во услови кога таму сообраќајната мрежа е прилично ограничена, а имате огромен сообраќај кој влегува од западниот дел од градот. Анализите коишто ги правевме со симулациониот модел и варијантите кои што ги разгледувавме покажаа дека токму ова решение е најдоброто решение во секој поглед, и за БРТ системот и за останатиот сообраќај“ – појасни Крстаноски.

Линк https://www.facebook.com/100044532035439/videos/3874951592631417

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img