spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Започна изведбата на клучката кај Момин Поток

Карпош: Започна изведбата на клучката кај Момин Поток

Градот Скопје започна со изведба на клучката кај Момин Поток, кој претставува еден од најфреквентните делови во Карпош и Скопје. Предвидена е изградба на два кружни текови. Првиот кружен тек треба да ја замени крстосницата кај бул. „8 Септемви“ и ул. „Скупи“, а вториот, крстосницата кај бул. „Никола Карев“ и патот кон Визбегово, обиколницатa и косовската граница.

Денеска, на почетокот на градежните активности, на теренски увид беа градоначалниците на општина Карпош и градот Скопје, Стефан Богоев и Петре Шилегов, како и претседателот на Владата, Зоран Заев.

  • И општина Карпош континуирано вложува во подобрување на инфраструктурата во Момин Поток и Криви Дол. Паралелно, донесовме и детален урбанистички план за делот околу касарната „Илинден“. На овој начин, создадовме услови за намалување и дисперзирање на градбата од централните населби кон северниот дел. Oва е единствениот начин за да продолжи планскиот урбанистички развој на Карпош и на Скопје, рече Богоев.

Градоначалникот Петре Шилегов говореше за деталите на проектот, кој по својата комплексност е најсложен сообраќаен проект за Скопје, од 1965 до денес:

  • Вкупната должина на сообраќајницата помеѓу двата кружни тека и до пред раскрсницата со булeвар Словенија изнесува околу 1.600 метри. По должина на целата сообраќајница ќе биде поставено најсовремено ЛЕД булеварско осветлување, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Проектот предвидува и изградба на надпатник во продолжение на бул. 8-ми септември, над бул. Никола Карев, со распон од 42 метри, потпорни ѕидови со вкупна должина од 2.000м, атмосферска и фекална канализација, како и 2 моста на реката Серава која тече под оваа сообраќајница, изјави Шилегов.

Овој потег на дневно ниво го минуваат околу 25.000 возила и со проектот ќе се придонесе кон трајно решавање на ова сообраќајно „тесно грло“.

Градежните активности ќе траат од 2 до 2,5 години.

Претседателот на Владата, Зоран Заев изјави дека овој инфраструктурен проект ќе овозможи поврзување на повеќе општини. Тој го изрази своето задоволство од фактот што во Скопје започна решавањето на децениските напластени проблеми и се спроведуваат проекти за хуманизација на јавниот простор.

Локалната самоуправа ја следи градежната офанзива на главниот град. Во ек се реконструкциите на улиците „Париска“ (Тафталиџе 1), „Иван Аговски“ и „Гиго Михајловски во Карпош 1, како и „Шекспирова“ и „Мирка Гинова“ во Карпош 2.

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...