spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Отворена ликовната колонија „Дрен 2021“

Прилеп: Отворена ликовната колонија „Дрен 2021“

На летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“, синоќа во присуство на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и директорката на Центарот за култура, Јасмина М. Станкоска, по 13-ти пат се крена завесата на ликовната колонија „Дрен“. Годинешното издание на ликовната колонија ќе трае до 25 јули и на него, освен што ќе творат сликари, дела во метал ќе создаваат и скулптори.

На ликовната колонија „Дрен“ свои дела ќе создаваат 12 уметници од земјава и странство: Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, домашните ликовни уметници Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков, Тони Чатлески и Стефан Малбашиќ, како и скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Делата создадени на годинашната колонија ќе бидат претставени на изложба која ќе се одржи наесен.

Досега на ликовната колонија се создадени околу 350 дела, кои се во трајно наследство на Центарот за култура и на државата.

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

МСПДМ: 15 пленарен состанок на Секторската работна група во областите образование,...

0
Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа петнаесеттиот пленарен состанок на Секторската работна група во областите образование, вработување и социјална политика. На...