spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиДИТ утврдил незаконски откази на работниците од Баргала АД Штип

ДИТ утврдил незаконски откази на работниците од Баргала АД Штип

Соработката помеѓу Сојузот на синдикатите на Македонија предводен од Претседателот Дарко Димовски и Државниот инспекторат за труд под раководство на Директорот Јована Тренчевска е на највисоко ниво.

 

ДИТ постапувајќи по пријавите од ССМ за незаконското отпуштање од работа на околу 100 работнички и работници во Bargala AD , утврдил дека ,,газдата” незаконски ги откажал договорите за вработување и ги враќа работниците назад на работа.

 

ССМ, целиот изминат период му укажуваше на ,,газдата” дека постапува незаконски и дека времето на локалните ,,шерифи – газди” одамна е завршено, но и покрај тоа работодавачот свесно постапувал спротивно на закон , а за што се поднесени и неколку кривични пријави против сите раководни лица во Баргала АД.

 

Потсетуваме дека со Решението од Судот во Штип, на должникот Баргала АД Штип му е определена општа забрана за располагање со која му е забрането да располага со имотот без одобрение на стечајниот управник, како и се забранува одредувањето или спроведувањето на присилно извршување или обезбедување против должникот па од тука изјавите на Наум Барзов се неиздржани, а очекуваме привремениот стечаен управник да ги преземе сите мерки работниците да се вратат на работа.

 

На работниците им укажуваме, веднаш по добивањето на решенијата, да се јават на своите работни места.

 

Повеќе можете да погледнете на линкот

https://youtu.be/hzYYeUids-Y 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...