spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedДовербата во СДСМ расте затоа што граѓаните знаат дека СДСМ ја има...

Довербата во СДСМ расте затоа што граѓаните знаат дека СДСМ ја има најдобрата понуда за секоја општина

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска придружувана од градоначалникот Борис Георгиевски и претседателот на ОО СДСМ Гази Баба, Марко Ѓоргиевски вечерва беше на маалска средба со граѓани во општина Гази Баба.

Пред присутните Лукаревска посочи дека СДСМ е постојано со граѓаните, затоа што има со што да се пофали, со реални мерки и политики како на централно така и на локално ниво.

– Четири години покажуваме што значи посветеност, одговорност во водењето институции. Преку нашите економски политики успеавме да ја зголемиме минималната и просечната плата, ги покачивме пензиите, а парите ги враќаме назад кај граѓаните. На локално ниво инвестираме во изградба на улици и патишта, водоводи и канализација, нови детски градинки и училишта, нови спортски и детски игралишта. Зад нас се четири години на успеси на економски, социјален и локален план, порача Лукаревска.

Таа порача дека граѓаните го препознаваат искрениот и чесен однос на СДСМ и затоа нивната доверба во концептот и политиките на СДСМ постојано расте, а потврда за тоа се и анкетите од релевантни агенции.

– Денеска и анкетата на Брима потврди дека довербата на граѓаните е кон СДСМ, дека таа доверба постојано расте, дека СДСМ е фаворит на претстојните локални избори. Тоа е така затоа што граѓаните препознаваат дека само со СДСМ е можен развојот на општините, само со СДСМ е можен напредокот на државата, тоа е потврда дека СДСМ е најдоброто како за Гази Баба така и за целата држава, заклучи Лукаревска.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...