spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Студентските стипендии се зголемуваат

МОН: Студентските стипендии се зголемуваат

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки стипендии со цел да го стимулираме и вреднуваме нивниот труд, знаења и успеси, но и да го подобриме стандардот на младите. Владата ги усвои овие промени со кои освен зголемување, се проширува и опфатот на студенти со стипендии, но и се воведуваат нови и се враќаат стипендии кои биле укинати во минатото. За оваа намена годишниот буџет е зголемен за 35%. Ова го изјави министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со претставници на студентските и средношколските организации и сојузи кои беа активно вклучени во креирањето на новите политики за стипендирање.

„Во делот на поддршката на студентите, ќе доделуваме стипендии во 11 различни категории. За 9 категории износите ги изедначуваме и ќе бидат 6.050 денари на месечно ниво, што значи пораст во однос на тоа што досега се доделуваше како износ од 3.300, 4.000, 4.400 денари“, рече Царовска.

Изедначувањето се однесува на вкупно 2.840 стипендии кои ќе се доделат со стартот на новата академска година. Стипендиите за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика остануваат во износ од 18.000 денари на месечно ниво.

„Овде стимулацијата е најпотребна, бидејќи се соочуваме со преголем дефицит на овој тип на кадар, рече Царовска.

Студентските здруженија ја поздравија одлуката за зголемување и проширување на категориите на стипендии кое беше долго очекувано нивно барање и најавија продолжување на успешната соработка со МОН“, рече Царовска.

Претставниците на студентските организации истакнаа дека се задоволни од одлуката за раст на стипендиите и дека ќе ја продолжат конструктивната и партнерска комуникација со МОН со цел да се креираат политики и мерки кои се во интерес на младите.

За сите видови стипендии ќе се објавуваат конкурси и заинтересираните навремено ќе бидат информирани за сите услови, критериуми и рокови за остварување на ова право.

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Организирана акција за садење дрвца

0
Во духот на грижата за животната средина и создавање поздрава животна средина за идните генерации во oпштина Кисела Вода се спроведе голема акција за...