spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПравни актиКолективни договориПотпишани измените и дополнувањата на Гранскиот Колективен договор

Потпишани измените и дополнувањата на Гранскиот Колективен договор

Денес во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски и Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) Јетон Шаќири, потпишаа измени и дополнувања на Гранскиот колективен договор.

 

Со потпишувањето на овие измени се допрецизираат некои одредби од Гранскиот колективен договор, а кои се однесуваа на опфатот на колективниот договор, организацијата на работата во услови на криза или вонредна состојба, критериумите за користење на годишниот одмор, регресот за годишен одмор и др.

 

 

 

Со измената на ставот 2 од членот 1 се врши допрецизирање на органите на управата кои ги опфаќа Гранскиот колективен договор.

 

Во членот 11 од Гранскиот колективен договор се дава можност годишниот одмор да трае повеќе од 26 работни денови и се враќа критериумот за степен на образование.

 

Во ставот 4 од членот 21 по зборот однесуваат, се додава сврзникот “и“ со што уште повеќе се допрецизира правото за регрес за годишен одмор.

 

Синдикатот на УПОЗ и МИОА нагласуваат вработените и институциите да се обраќаат до Комисијата за следење измени и дополнувања на Гранскиот колективен договор доколку се јават различни толкување на одредбите на Гранскиот колективен договор.

 

Извор: УПОЗ

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...