spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Досега Ревакцинирани 305 804

МЗ: Досега Ревакцинирани 305 804

Во тек на вчерашниот ден се вакцинирани рекорден број граѓани во еден ден – 17.521 лице.

Системот функционира беспрекорно, а капацитетите се повеќе од доволни. Бројката од околу 5000 граѓани кои дневно се вакцинираат со прва доза мора да се задржи што подолго, за да се постигне висок имунитет до крајот на летото.

Вакцините се безбедни, ефикасни и најважно од се штитат од лош развој на болеста, хоспитализација и смрт. Епидемијата секаде во светот во моментот се шири кај невакцинираните, додека оној многу мал процент вакциниран кои се инфицираат со вирусот го поминуваат асимптоматски или со лесни симптоми.

Вакцинацијата е единствен начин да се заштитиме и да се вратиме целосно во нормала, нешто што сите го посакуваме.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

МП: Промовирана веб страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви...

0
Со цел  полесен пристап и транспарентност во работењето на Комисијата, со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработена е веб страница,...