spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Повик до младинските организации за учество во одбележување на денот на...

АМС: Повик до младинските организации за учество во одбележување на денот на млади

По повод одбележувањето на 12 август, Меѓународниот ден на младите, Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Сојузот за младинска работа (СМР) организира Хакатон за поддршка на решенија кои целат кон активно вклучување на младите и поддршка на нивниот личен и социјален развој.

Во рамки на настанот за претставување и избор на најдобрите иновации кој ќе се одржи на 12 август (четврток) 2021 од 18:00 до 22:00ч во надворешниот дел на Музеј на современа уметност предвидено е сите заинтересирани организации да имаат штандови на коишто ќе ги промовираат своите активности, проекти и можности за младите луѓе.

Заради полесна организација, доколку сте заинтересирани за учество, ве замолуваме да го пополните овој формулар.

На следниов ЛИНК може да го видите и формуларот за изразување интерес за поставување на штанд.

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...