Претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија-СИЕР, Игор Ѓерасов ја посети на новата синдикална организација – Синдикална организација при Боров Дол, Радовиш.
СИЕР ќе се залага новата синдикална организација, како и за сите свои членки, да ги остварат, унапредат и заштитат своите економски, социјални, поединечни и колективни права.
Еднакви шанси за сите, рамноправност и подобрување на условите за живот и работа.
Со секое ново зачленување стануваме посилни, бидејќи секој синдикат е онолку јак колку што членови стојат зад него и неговите барања истакна Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов.
Здружени да се бориме за остварување на вашите права и верувања. За подобра и посветла иднина.