Претставници од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и од Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, во наредниот период во поголем број на населени места ќе оддржат ИПАРД инфо денови.
Првите ИПАРД инфо денови посветени на Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ ќе се оддржат во понеделник 26 јули во Кочани и во Берово.
Сите заинтертесирани земјоделци, физички и правни лица, микро и мали претпријатијa, како и задруги, од Кочани ќе може да дојдат во 11 часот во Мултикултурниот центар за да се информираат околу деталите и можностите што ги нуди оваа мерка. Веќе од 14 часот караванот посветен на публицитет на ИПАРД програмата се сели во Бизнис инкубаторот во Берово каде што заинтересираните страни ќе може да земат учество во работилницата за ИПАРД а претставниците на АФПЗРР и на ТУИ ќе може да им помогнат во добивање на сите одговори околу можноста и начинот да се креираат квалитетни апликации за добивање на средства од мерката 7„ Диверзификација на фарми и развој на бизниси”
На овој Јавен поик кој е отворен до 22 август 2021 година, може да се поднесуваат Барања за користење на средства за следниве приоритетни сектори:
1. Алтернативно земјоделско производство
2. Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:
• Алкохолни производи од овошје и пиво;
• Колачи, тестенини и пекарски производи;
• Чај и билни екстракти;
• Зачини и билки;
• Слатководна риба, ракови и мекотели и
• Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.
3. Производство на не-прехранбени производи
4. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
5. Обезбедување на услуги во земјоделството
6. Развој на услуги за руралното население
7. Промоција на руралниот туризам
Како корисници на мерка 7 се прифатливи и физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија. Висината на финансиската поддршка се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредноста, а повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци. Проектираниот буџет за оваа мерка е 9.6 милиони евра, со можност за негова екстензија. Ова се сериозни средства кои ќе имаат директен импакт врз развојот на постојните, како и отварањето на нови мали и микро претпријатија кои се мотори на домашната економија.
Главната цел на оваа мерка е поттикнување на вработувањата и зголемување на економската активност во руралните средини, преку развој и промоција на руралниот туризам, зачувување и развивање на занаетчиските активности и мотивирање на руралното претприемништво.
Сите информации и потребната документација за овој повик може да се најдат на веб страната на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk .
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој