spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Национална стратегија за ИКТ 2021 - 2025 година

МИОА: Национална стратегија за ИКТ 2021 – 2025 година

На повик на Министерството за информатичко општество и администрација,  се одржа отворена јавна расправа за нацртот на Националната стратегија за ИКТ 2021-2025 и придружниот Акциски план. На оваа отворена расправа присуствуваа сите засегнати страни.

Дебатата беше исклучително конструктивна и плодна. Учесниците ги искажаа своите коментари и предлози за нацртот на Националната стратегија за ИКТ 2021-2025 и придружниот Акциски план и истата ќе биде разгледана и земена во предвид, со цел да се постигне бараниот и потребниот резултат.

“Владата на РСМ, преку МИОА, е  цврсто решена во своите заложби да ги користи предностите на ИКТ индустријата и да создаде напредно информатичко општество, и со тоа да ја зголеми продуктивноста, ефикасноста и иновациите во јавниот и приватниот сектор” рече Шаќири за време на неговиот говор.

Националната стратегија за ИКТ 2021 – 2025 се состои од 6 столба:

  1. Поврзливост и владина инфраструктура
  2. Централизација и рационализирање на ИКТ и услугите на е-влада
  3. Унапредување на дигиталните вештини на граѓаните, работната сила и професионалците
  4. Истражување, развој и иновации
  5. Заштита на податоци
  6. Дигитални услуги (инспирирани од заштита на животната средина)

Меѓу другите, министерот Шаќири ги наведе приоритетите во врска со зајакнувањето на дигиталната инфраструктура на Владата:

  • Основање на Дигиталната Агенција
  • Воспоставување на Заеднички владин податочен центар
  • Изградба на Националната транспортна оптичка мрежа

“Реализацијата на овие проекти ќе има значителна улога во намалување на дигиталниот јаз кој постои помеѓу нашата земја и земјите членки на ЕУ и забрзување на дигиталната трансформација” го заврши својот говор министерот Јетон Шаќири.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...