spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Црвен крст-ОО Гевгелија со Граѓанска крводарителска акција

Гевгелија: Црвен крст-ОО Гевгелија со Граѓанска крводарителска акција

 Црвениот крст- ОО Гевгелија на 28 јули, 2021 година организира Граѓанска крводарителска акција, во просториите на Народниот театар- Гевгелија, во периодот од 09:00 до 14:00 часот. Раководството на Црвениот крст од Гевгелија апелира до граѓаните кои се заинтересирани да ја даруваат својата крв, да се пријават во просториите на Црвен крст- ОО Гевгелија или својата хуманост да ја потврдат преку телефон, на следниве броеви: 077 750 120 и 077 699 036. Дарувањето крв ќе се одвива по принципот „прв пријавен-прв услужен“, како би се избегнале недоразбирањата и стварањето гужви. Од причини што единиците за крв ќе бидат ограничени.
           Имено, раководството апелира и за почитување на заштитните мерки против КОВИД-19, односно носење маска и дезинфицирање на рацете, бидејќи се работи за настан кој ќе се одржи на затворено. Крводарителската акција го носи слоганот „Да бидеме хумани за оние кои им е најпотребно“, а ќе се реализира во соработка со службата за Трансфузиона медицина.

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...