Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски беше во
посета на Дом за стари лица “Зафир Сајто”-Куманово, каде што се
спроведува проектот “Насмевка за постарите”, во соработка помеѓу
општина Куманово и Домот, а преку Фондација за култура и спорт-
Куманово.
Тројца кумановски уметници-графичари во наредните 3-4 дена ќе цртаат графити на површина од 100 м2. Целта е разубавување на
катчето, во кое пензионерите секојдневно функционираат, како
продолжување на ваков вид активности, кои започна да ги спроведува општина Куманово, за да повеќето делови од градов добијат нов и модерен лик, разубавувајќи го нашето секојдневно опкружување.
Извор: Општина Куманово