spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаРаспродажба на енергетските ресурси е директно поткопување на независноста

Распродажба на енергетските ресурси е директно поткопување на независноста

Додека целокупниот нормален свет води битка за локации за производство на електрична енергија од непресушни, обновливи извори (сонце, ветер и вода) и се стреми до 2040 година да ги исфрли фосилните горива како погон за патничките и товарните возила, како и да ги замени истите со електичен погон, нашата марионетска и безидејна влада таквите бесценети локации ги распродава на странци.

Доколку владеачката СДСМ е свесна дека, за две до три декади, независноста на една држава ќе биде директно условена од енергетската независнот, тогаш свесно работат за уништување на државата Македонија. Доколку не се свесни, тогаш ги повикуваме под итно да ја прекинат распродажбата на ретките ресурси за производство на електрична енергија од обновливи извори и да почнат да ги градат како сопственост на државата и народот, на кои и реално им припаѓаат.

Партија Левица остро се спротиставува на распродавање на локациите, односно ресурсите на државата, каде има услови за производство на електрична енергија од обновливи извори и ја повикува владата на СДСМ и ДУИ по итно да го прекинат крчмењето на ресурсите од кои, во блиска иднина, ќе зависи одржливоста и независноста на Македонија.

Отуѓувањето на овие ретки локации и ресурси за производство на електрична енергија е рамно на национално предавство за кое во иднина ќе има одговорност.

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...