spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕГори депонијата во Ново Село, четири години апелираме да се реши проблемот,...

Гори депонијата во Ново Село, четири години апелираме да се реши проблемот, а власта не прави ништо

Почитувани,

После четири години повторно се наоѓаме на истото место, како што многу пати реагиравме, правевме протести, имаше бројни реакции од граѓаните за сето ова што се случува тука на дивата депонија во Ново Село.

Како што можете да видите се уште чади, се уште се горат канцерогени материјали, имаше многу ветувања од страна на градоначалникот Наумоски и од градоначалникот Петре Шилегов дека ќе се исчисти депонијата, дека се култивизира просторот, дека ќе се изгради мементо парк, но како што можете да видите сето тоа остана на лажно ветување и лаги на Наумоски и Шилегов.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период слуашајќи ги граѓаните и како најголемо барање токму на жителите од населените места Даме Груев, Ново Село, Кисела Јабука и Волково, ќе ставиме крај на целиот овој екоцит што се случува позади нас.

Сиот овој простор ќе биде исчистен, саниран, ќе се култивизира просторот, ќе се воведат парковски и зелени површини кои што ќе го оплеменат целиот овој регион. Сето ова што го гледате позади мене, ќе биде минато.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...